Top Sport

Агуеро: Пеп ме исфрли од тимот бидејќи бев дебел и беше во право

Серхио Агуеро ќе остане легенда на Манчестер сити, откако со „граѓаните“ освои пет титули од Премиерлигата и стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 260 гола, но признава дека односите со менаџерот Пеп Гвардиола не биле секогаш на највисоко ниво.

„Во првата сезона ми кажа: ‘Нема да си во тимот бидејќи дојде дебел’. Што да му кажам? Беше во право, такви работи се случуваат. Ќе налеташ на некое пилешко и ќе бидеш стотина грама над потребното. Ако твојата идеална тежина е 79-80 килограми и ти дојдеш со 80 килограми и 100 грама ќе бидеш казнет и нема да играш. Тогаш ја немав неговата доверба, но останав во добри односи“, вели Кун.

И покрај ова, тој признава дека научил многу од Гвардиола.

„Кога пристигнав, тој ме тераше да одам во центарот и да играм пресинг, но немав доволно кислород да давам голови. Не бев научен на таков фудб, но Гвардиола ме научи“, вели Агуеро.

Scroll to Top