Ансу Фати е сензацијата што го обележа почетокот на фудбалскиот шампионат на Шпанија. Тинејџерот кој е роден во Гвинеја Бисао, во првите четири кола, кога во тимот го немаше Меси, беше најдобриот играч на Барселона.
Квалитетот и талентот што го поседува Фати ги натера челниците на Фудбалскиот сојуз на Шпанија да ја забрзаат постапката тој да добие шпанско државјанство.
Ансу Фати во петокот го добил шпанскиот пасош што значи дека ќе може да ира за „црвената фурија“ на Светското првенство за фудбалери до 17 години.
Турнирот ќе се игра од 26 октомври до 17 ноември во Бразил.