Top Sport

Бејл не сакал да го држи знаменцето на Реал Мадрид? (видео)

Средата не беше најдобра за Реал Мадрид, откако „кралскиот клуб“ загуби со 3:0 од Пари Сен-Жермен во дербито на Лигата на шампионите, каде што само Герет Бејл беше за пофалба со фантастичниот гол, кој сепак, му беше поништен поради играње со рака.

Но, сега шпанските медиуми извадија снимка пред мечот, кога Велшанецот очигледно не беше задоволен што му го подаваат знаменцето со грбот на клубот. Тој, на крајот, сепак го зема знамето од Рафаел Варан, за по кратка пауза да му го додаде на Дани Карвахал.

Ова е уште еден доказ дека и покрај тоа што ја покажува професионалноста на теренот, 30-годишниот Бејл не е задоволен и среќен во Реал под Зинедин Зидан. Реал се обиде да го продаде Бејл ова лето, и беше договорен спектакуларен трансфер во Кина, пред да пропадне во последен момент.

Дали Герет Бејл го постигна најдобриот поништен гол во историјата? (видео)

Scroll to Top