Top Sport

Ансу Фати сака во Тотенхем!

Ансу Фати е подготвен да направи трансфер во Тотенхем, со желба да се покаже во Премиерлигата, и преговорите со Барселона за шокантен трансфер продолжуваат, тврди „Мундо депортиво“.

20-годишниот Фати, кој беше именуван за наследник на Лионел Меси и дури го доби дресот со број 10 од страна на клубот, е незадоволен од положбата која ја има под Чави Ернандез, кој ги преферира Рафиња, Феран Торес, но и тинејџерот Ламин Јамал пред него.

Според „Мундо депортиво“ главен мотиватор на трансферот е неговиот татко и агент, но бидејќи преодниот рок завршува в петок има многу малку време за „натегање“.

Scroll to Top