Top Sport

Мајката на шефот на шпанската федерација во болница по штрајкот со глад

Анхелес Бехар, мајката на претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубијалес е однесена во болница во средата откако почна со штрајк со глад во знак на поддршка на нејзиниот син, потврди локалниот свештеник за „Ројтерс“.

Бехар се заклучи во црквата во нејзиниот роден град Мотрил во јужна Шпанија бесна на однесувањето кон нејзиниот син по суспензијата која ја доби за бакнежот на фудбалерката Џени Ермосо по финалето на СП во Австралија. ФИФА го суспендираше Рубијалес во саботата, а шпанската влада јавно побара тој да си даде оставка.

Рубијалес одби да даде оставка, инсистирајќи дека немало ништо погрешно во бакнежот и се закани со тужба против Ермосо и синдикатот на играчи „Футпро“.

Scroll to Top