Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, се спаси од нова операција на коленото. Каталонското радио Кадена, објави дека Фати наскоро ќе започне со лесни тренинзи.
Ансу Фати се повреди на 7.ноември минатата година, на натпреварот со Бетис. До денес тој два пати го оперираше повреденото колено.
По втората операција, лекарите прогнозираа дека тој на терените ќе се врати во април, но како сега стојат работите, можно е во финишот на сезоната да се појави во тимот. До крајот на сезоната во Ла Лига, останаа уште осум кола.