Тинејџерската ѕвезда на Барселона, Ансу Фати ќе мора да оди на операција на скинатиот менискус, повреда добиена при 5:2 победата над Бетис.
18-годишниот напаѓач беше заменет на полувреме од саботниот меч на „Ноу Камп“, а сега Барселона потврди дека тој утре ќе оди на операција по што ќе се даде проценка за тоа колку ќе отсуствува од фудбалските терени.
„Ансу Фати ќе оди на операција на менискусот во левото колено кај докторот Рамон Кугат под супервизија на клупските лекари, по што ќе се објави информација за времето за рехабилитација“, објавија од Барса.
Фати е најдобар стрелец на Барса во Ла лига со четири гола во седум меча, а исто така постигна гол при 5:1 победата над Ференцварош во Лигата на шампионите. Тој исто така беше повикан и во шпанската репрезентација за мечевите против Холандија, Швајцарија и Германија, но селекторот Луис Енрике го замени со Марко Асенсио по повредата.
LATEST NEWS❗@ANSUFATI will be operated on this Monday
➕ INFO ? https://t.co/paB16oEvUG pic.twitter.com/1PLXCYGPjY
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 8, 2020