Талентот на Барселона, Ансумане Фати влезе во историјата на шпанскиот фудбал, откако со своите 17 години и 311 ден стана најмладиот стрелец за националниот дрес на „фуријата“ со третиот гол против Украина.
Фати, кој беше и најмладиот фудбалер кој добил шанса да игра во Лигата на нации, прво на самиот старт на мечот беше фаулиран за пенал, кој Серхио Рамос го смести во голот, за во 32. минута да постигне убав гол, за да сруши рекорд од 1925 година – кога Хуан Еразкин, фудбалер роден во Аргентина, постигна три гола против Швајцарија на 1 јуни 1925 кога имаше само 18 години и 344 дена. Еразкин, трагично, почина на само 24 години од туберколоза
Интересно, двајцата најмлади стрелци во историјата на шпанскиот репрезентативен фудбал не се родени во Шпанија – Еразкин е роден во Лос Леонес, Аргентина, додека Фати е роден во Бисау, Гвинеја Бисау.
ANSU FATI, REMEMBER THE NAME JUST 17 YEARS OLD, WHAT A GOAL pic.twitter.com/GQ22CtPCRP
— Rohit #FreeMessi (@MessiFC10i) September 6, 2020