Top Sport

Ансу Фати влезе во историјата на Барселона (Видео)

Тинејџерот од Барселона, Ансу Фати, вечерва влезе во историјата на славниот клуб. Играчот роден во октомври 2002 година стана најмлад стрелец во клупската историја.

Барселона гостуваа во Памплона, кај Осасуна. Натпреварот заврши без победник 2-2, а еден гол за Барса постигна Фати.

Повредите на напаѓачите (Суарез, Дембеле, Меси) го натера тренерот Ернесто Валверде во минатото коло да го повика од клупската академија Фати за мечот со Бетис. Тинејџерот одигра одлични 15 минути и стана најмладиот играч уште од 1940 година што настапил на официјален меч за Барселона.

Вечерва Фати постигна гол, во 51 минута израмни на 1-1 и го мина Бојан Кркиќ како најмлад стрелец во историјата на Барселона.

Scroll to Top