Top Sport

Антиќ: Од кога е Модриќ број 1?

Познатиот тренер Радомир Антиќ, во интервју за шпанскиот „Гол“, говорел за актуелни фудбалски теми. Антиќ говорел за Лука Модриќ и го коментирал можниот трансфер на Антоан Гризман во Барселона.

„Гризман е плејмејкер, а Барселона не игра на таков начин. Доколку го донесат ќе биде закован на клупата за резерви, бидејќи нема да го најде своето место во тимот. Тој не им е потребен на Каталонците, мислам дека повеќе им треба на Реал Мадрид“, рекол Антиќ, а потоа проговорил и за Модриќ.

„Апсурдно е што досега ниту еден од трите големи шпански клуба не размислувал да го потпише најдобриот организатор на играта во целиот свет, Кевин Де Брујне. Од кога е Модриќ најдобриот? Неговиот избор за најдобар играч во светот нема никаква логика. Тој не асистира, не постигнува голови. Играчи како Де Брујне ги прават подобри своите соиграчи“.

Радомир Антиќ во кариерата ги тренирал трите најголеми шпански клуба Реал, Барселона и Атлетико. Со Атлетико во сезоната 1995/1996 ја освои двојната круна во Шпанија.

Scroll to Top