Top Sport

Манџукиќ верен на „Старата дама“, потпиша договор до 2021 година (видео)

Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ потпиша нов договор со Јувентус кој ќе трае до 2021 година. Со оглед дека тогаш Хрватот ќе има 36 години можно е ова да е неговиот последен договор во кариерата. Актуелниот договор на голгетерот му истекуваше летото 2020 година, а со него тој заработуваше по 3,5 милиони евра годишно плус бонусите.

Новиот договор кој стапува на сила од ова лето е побогат од претходниот, па со него Манџо ќе заработува по 5 милиони годишно, плус бонусите.

Хрватскиот интернационалец во Јувентус дојде летото во 2015 година за отштета од 21 милион евра од Атлетико Мадрид.

За речиси 4 години во дресот на „Старата дама“ одигра 158 меча, постигна 43 гола, а асистираше при 23 погодока.

Соиграчите и навивачите особено го ценат затоа што е „најдобриот дефанзивец меѓу напаѓачите“.

Scroll to Top