Top Sport

Антони открива: Растев во фавела, на 20 метри од мојата куќа имаше дилери на дрога

Новиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони отворено зборуваше за неговото детство поминато во фавела во Сао Пауло, Бразил, каде што израснал во сиромаштија пред да се посвети на фудбалот.

„Немав копачки за да играм фудбал. Немав моја соба, спиев на каучот. Живеев во сред фавела, на 20 метри од мојата куќа имаше дилери на дрога. Имаше моменти во кои мојот брат, мојата сестра и јас плачевме и размислувавме за нашиот живот. Еднаш нашата куќа се поплави, и моравме да ја вадиме водата со кофи, но со насмевка на лицето“, вели Антони во интервју за „Скај спортс“.

22-годишниот Антони Матеуш дос Сантос е роден на 24 февруари 2000, и првите фудбалски чекори ги направи во академијата на Сао Пауло, за кои имаше 6 гола во 52 настапи за првиот тим. Во 2020 тој потпиша за Ајакс, со кои освои две титули од Ередивизие, пред Манчестер јунајтед да го купат за фантастични 95 милиони евра, рекорд за холандската лига.

Scroll to Top