Бразилскиот репрезентаивец Антони по секоја цена сака да го напушти Ајакс до крајот на преодниот рок. Манчестер јунајтед работи на овој трансфер, но Ајакс досега ги одби сите понуди. Пред неколку дена Јунајтед за Бразилецот понуди 90.000.000 евра. Во знак на револт, Антони одби да тренира.
На неколку дена пред крајот на преодниот рок, Антони ја „отвори душата“ во интервкуто коие го работеше Фабрицио Романо.
Бразилецот откри дека од февруари одбива да го продолжи договорот со Ајакс, им кажал на клупските челници дека сака да го напушти клубот.
„Од февруари, моите агенти им кажуваа на челниците на Ајакс дека сакам да одам и да барам нов предизвик во мојата кариера. Имаше одлични понуди за клубот и не разбирам зошто го прават тоа. Во јуни го прекинав одморот и дојдов лично да разговарам со нив и со новиот тренер и кажав што сакам“, вели Антони и продолжува.
„Дојдов во Ајакс и знаеја дека тоа е двегодишен проект и дека ќе заминам кога ќе дојде вистинската понуда. Ми нудат нов договор, но јас не сакам да го потпишам, само сакам да заминам од овој клуб“.
Антони изјави дека вчера имал средба со челниците на Ајакс и дека го шокирале со новите изговори.
„Шест месеци барам трансфер, а денес на состанокот ми рекоа дека не можат да ја прифатат понудата за мене бидејќи имаат само пет дена да најдат замена. Им кажувам со месеци како сакам да одам, а сега ми „продаваат“ таква приказна“, вели Бразилецот.
„Бев многу среќен во Амстердам, освоив титули со Ајакс и стекнав нови пријатели. Изградив нов чекор во кариерата, но сакам нов предизвик и да продолжам да ја пишувам мојата приказна и да ги исполнам моите соништа. Се надевам дека навивачите на Ајакс ме разбираат а некои можности едноставно не можат да се пропуштат затоа што доаѓаат еднаш во животот“.