Top Sport

Антони во Јунајтед за 100 милиони евра

Манчестер јунајтед и Ајакс конечно постигнаа договор околу трансферот на бразилскиот напаѓач Антони.

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека Бразилецот ќе се пресели во Манчестер за сума од 100.000.000 евра.

Ајакс долго време ги одбиваше понудите од „Олд Трафорд“, но кога Јунајтед ја понудија бараната сума, великанот од Холандија се согласи согласи да го пушти 22-годишниот Антони. Ова ќе биде рекорден трансфер од холандската Ередивизија.

Талентираниот Бразилец ќе потпише договор до летото 2027 година со опција да остане во клубот уште една сезона.

Scroll to Top