Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем. Италијанските и англиските медиуми објавија дека трофејниот тренер пристигнал во Лондон, на завршни преговори со клубот. Конте има богато искуство во Премиер лигата, со Челси стана шампион во 2017 година.
Извори од Англија и Италија, наведуваат дека Конте ја прифатил понудата и дека само треба да го договори време траењето на договорот. Тотенхем, претпладнево, му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто. Португалецот на клупата на клубот од северен Лондон се задржа само четири месеци.
Конте, изминатите недели се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но откако Оле Гунар Солскјер успеа да „преживее“, тој реши да ја прифати понудата од Тотенхем.
Се претпоставува дека најзаслужен за ангажирањето на Конте е неговиот добар пријател, Фабио Паратичи, кој е спортски директор во клубот. Овие двајца имаа успешна соработка во Јувентус.