Договорени се сите детали за враќањето на Антонио Конте на клупата на Јувентус. Поранешниот капитен и тренер на Јувентус, во клубот се враќа по завршувањето на актуелната сезона, тврди радио станицата од Рим, „Радио радио“.
Антонио Конте моментално е без клуб. Неговиот последен ангажман беше во Тотенхем. Спарс го отпуштија Италијанецот во март откако тој го критикуваше сопственикот на клубот Даниел Леви.
Во својата прва сезона, Конте ја освои шампионската титула со Јувентус во 2012 година. Во Купот го загуби финалето од Наполи (0:2). Во август 2012 година, Конте беше осуден на десетмесечна забрана за соучество во коцкање, која подоцна беше намалена на четири месеци. Потоа ја водеше Сиена во втората лига.
Во декември 2012 година се врати на тренерската клупа на Јувентус, а во 2013 година успеа да го одбрани Скудетото. Во својата последна сезона, Конте го предводеше клубот до трета последователна титула. Неговиот договор беше спогодбено раскинат пред почетокот на сеозната 2014/15.
Конте остави длабока трага како играч на Јувентус, потоа како тренер, но прашање е како навивачитеќе го прифатат неговото враќање. Многу од навивачите не можат да му го простат периодот во Интер.
Во тренер на Јувентус е Масимилијано Алегри, кој има договор до летото 2025 година, а со него Бјанконерите моментално се на второто место во Серија А.