Напаѓачот на Вест хем, Мајкл Антонио признава дека играњето видео-игри го инспирирало да ја направи неверојатната прослава на голот при 3:2 победата кај Кристал палас во саботата.
Антонио го постигна првиот гол на „Селхарст парк“ во саботата, по што истрча кај корнерот и имаше спектакуларно фрлање на тревата, по што по мечот призна дека инспирација му дал ликот Раиден од играта „Мортал комбат“.
„Кога играв ‘Мортал комбат’, секогаш бев Раиден и си кажав, ќе прославувам како тој кога лета и турка некого. Морав да го направам тоа“, вели Антонио.
Finish then the Raiden finish! ?? #MichailKombat pic.twitter.com/gXjKbFRavD
— Michail Antonio (@Michailantonio) January 1, 2022
?BREAKING: Michail Antonio impersonates Bernardo Silva. ???pic.twitter.com/axIVoOZGpG
— ?⭐️ (@AzeezThings) January 1, 2022