Top Sport

Антверпен го отпушти Раџа Наинголан

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан повеќе не е член на Антверпен откако двете страни ја прекинаа соработката.

Контроверзниот играч од средниот ред го одигра својот последен натпревар за Антверпен во октомври пред клубот да го суспендира бидејќи запалил цигара на клупата пред натпреварот со Стандард Лиеж.

Една недела подоцна бил уапсен на улиците на Антверпен затоа што возел без возачка. дозвола. Ништо невообичаено за Раџа Наинголан, за кого фудбалот одамна не е во преден план.

„Имате фудбалери како Лука Модриќ кои се уште се во форма на 37 години, а потоа ги имате оние на 30 на кои повеќе не им оди. Меѓу нив е и Раџа“, беа неодамнешните зборови на претседателот на Антверпен, Пол Гејсенс.

Наинголан во кариерата бил играч на Пјаченца, Каљари, Рома и Интер.

Scroll to Top