Како дел од вчерашните награди на ФИФА, светската куќа на фудбалот му оддаде посебно признание на Френсис Коне, интернационалецот од Того со неверојатна кариера.
Коне, кој игра за чешкиот прволигаш Збројовка Брно, успеа да спаси дури четири противници во својата осумгодишна професионална кариера.
Последен пат, 26-годишниот напаѓач го направи тоа, кога како играч на Словачко, реагираше бргу за да спречи голманот на Бохемијанс, Мартин Берковец да се задави откако тој беше во несвест по судир со еден свој соиграч.
1
Коне потоа призна дека немал формална обука за прва помош и дека реагирал инстинктивно, но и со искуство.
„Тоа не беше првпат да го направам тоа. Мислам дека ова е веќе четврти пат. Двапати во Африка, еднаш во Тајланд. Веднаш проверив дали го голтнал јазикот“, изјави Коне.
ФИФА го препозна фантастичниот Коне и му ја даде наградата за ферплеј, директно од рацете на Марсел Десаи и Патрик Стјуарт, актерот попознат како капетанот Жан-Лук Пикард од „Ѕвездени патеки“.