Фудбалерите на кипарски АПОЕЛ се пласираа во плеј-оф квалификациите за Лигата на шампиони откако вечерва сензационално славеа нагости кај азербејџански Карабак со 0-2. Првиот меч на Кипар пак им припадна на Азербејџанците со 1-2.
Вечерва АПОЕЛ преку Томас де Винсенти поведе со 0-1 во 34 минута од пенал.
Мечот го реши и пласманот понатаму за Кипраните го донесе несудениот македонски репрезентативец, Урош Матиќ со гол во 68 минута.
⚽ Uros Matic………… 34 minute#QarabağFK 0:2 #apoelfc #ChampionsLeague pic.twitter.com/6IHa4GCu9W
— FUTBOL MANİYA (@futbolmaniya) August 13, 2019
Во плеј-офот се пласираа и екипите на Розенборг, која го елиминираше со по 3-1 во двата меча словенечки Марибот, а понатаму отиде и белгиски Бриж по извонредниот натпревар што го одиграа со Динамо во Киев.
Мечот заврши 3-3, а Белгијците се најдоа во следна фаза благодарение на погодокот во првиот меч кој го добија со 1-0.
https://youtube.com/watch?v=rH5DZf0zr1g