Top Sport

Адеми погоди за Загреб, „модрите“ со 0-4 го исфрлија Ференцварош (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец е еден од хероите на Динамо Загреб затоа што прв ја начна мрежата на унгарски Ференцварош при денешниот реванш меч од третото квалификациско коло за место во групите од Лигата на шампионите.

Македонецот искусно реагираше во противничкиот шеснаесетник во 16 минута од мечот и по асистенција на Дани Олмо постигна убав гол за 0-1 за Динамо.
https://youtube.com/watch?v=rUETYC9C4r0
Тој резултат беше активен се до 47 минута, кога „модрите“ ја зголемија предноста на 0-2 со голот на Петковиќ. Само 8 минути подоцна Шпанецот Олмо на асистенција на Адеми носи убедливи 0-3, а точка на мечот и потврда на дебаклот на Ференцварош донесе Гојак во 79 минута од мечот кога ги постави конечните 0-4.

Во првата пресметка помеѓу овие две екипи резултатот беше израмнет 1-1. Динамо продолжува во плејоф рундата, следен противник ќе им биде екипата на Розенборг која вечерва славеше домашна победа против тимот на Марибор од Словенија со 3-1. Со истиот резултат Норвежаните славеа и на првиот меч одигран во Љубљана.

Scroll to Top