Top Sport

Арапски капитал влегува во Олимпик Марсеј

Еден од најславните француски фудбалски клубови Олимпик Марсеј наскоро би можел да добие нови сопственици. Според француските медиуми клубот од „Велодром“ наскоро би можел да го купи принцот од Саудиска Арабија Ал-Валид Бин Талал.

Преговорите околу продажбата на Марсеј биле во почетна фаза, а според медиумите принцот Бин Талал бил подготвен да плати 250 милиони евра.

Олимпик неодамна се наоѓаше пред банкрот, меѓутоа луѓето кои го водат клубот на чело со сопственикот успеаја да го спасат клубот. Марсеј оваа сезона ја заврши на второто место зад ПСЖ.

Доколку принцот од Саудиска Арабија го купи клубот тогаш ПСЖ ќе добие силна конкуренција во Лига 1. Новиот сопственик би можел да го врати освојувачот на Лигата на шампионите во 1994 година во самиот врв на европскиот фудбал.

Scroll to Top