Новите сопственици на Њукасл, богатите инвеститори од ПИФ фондацијата на Саудиска Арабија, невообичаено побараа нивните навивачи да се воздржат од осење на традиционална арапска облека или покривки на главите од Блискиот Исток на своите мечеви.
На првиот меч под новите газди, 2:3 поразот од Тотенхем, на „Сент Џејмс парк“ дел од навивачите се појавија со традиционални арапски шамии и марами или слични импровизации.
„Клубот бара навивачите да се воздржат од носење на традицонални арапски облеки и покривки на главата инспирирани од Блискиот Исток доколку вообичаено не ги носат таквите облеки. Никој од новите сопственици не е навреден поради овој потег на навивачите, но постои можност тоа да е културно неприфатливо и да навреди други луѓе“, се вели во објавата на клубот.
#NUFC is kindly asking supporters to refrain from wearing traditional Arabic clothing or Middle East-inspired head coverings at matches if they would not ordinarily wear such attire.
— Newcastle United FC (@NUFC) October 20, 2021