Барселона и Роналд Араухо се договорија за продолжување на соработката, ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на Уругваецот.
Спортскиот директор на Каталонците Деко разговарал со дефанзивецот, што резултирало со вербален договор, објави новинарот Фабрицио Романо.
Во блиска иднина двете страни треба да ги финализираат сите формалности и услови, а следни на ред за нови договори се младите ѕвезди Ламин Јамал, Гави и Педри.
Во последните денови се шпекулираше дека детали го делат 25-годишниот дефанзивец од трансфер во Јувентус. Сепак, „старата дама“ ќе мора да заборави на моменталниот приоритет и да се сврти кон други потенцијални засилувања во дефанзивната линија.
Араухо е член на Барселона од 2019 година, а сезонава одигра само два натпревари поради повредата на тетивата од која неодамна се опорави.