Top Sport

Араухо можеби никогаш повеќе нема да игра за Барселона

Во поразот на Барселона од Челзи со 3>0 на 25 ноември на „Стемфорд Бриџ“ во петтото коло од Лигата на шампионите, Роналд Араухо доживеа вистински колапс. Тој доби втор жолт картон во 44-та минута кога резултатот беше 1:0, оттогаш Уругваецот не беше ниту на клупата во следните три натпревари на својот тим.

На почетокот на декември, „Мундо Депортиво“ објави дека Араухо и неговите менаџери побарале од клубот време за психички да се опорави, бидејќи веруваат дека тој „не игра најдобро во моментов и не сака да му наштети на тимот“.

Новинарката Хелена Кондис објави нови информации за ситуацијата во која се наоѓа уругвајскиот стопер.

„Ситуацијата е посериозна отколку што мислиме, прашање е дали повторно ќе игра за Барселона. Тоа е неизвесна ситуација, постојат реални шанси тоа да не се случи повторно и можно е тој повеќе да не биде таму“.

Хелена Кондис изјави дека самиот клуб целосно го поддржува бидејќи „доживеал неколку напади на паника и е емоционално уништен“.

„Дури и Барселона не сака да каже кога ќе се врати на работа. Му рекоа да не брза и дека најважно е да ја врати емоционалната и менталната сила“, заклучи таа.

Роналд Араухо одигра 15 натпревари за Барселона оваа сезона, постигна два гола, доби два жолти и еден црвен картон.

Foto/ freerangestock

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');