Top Sport

Араухо започнал преговори со Баерн

Врие во Барселона по елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. Спортската јавност во Каталонија се уште се занимава со она што се случуваше по натпреварот на „Монжуик“, кој ПСЖ го доби со 1:4.

Роналд Араухо е трагичарот на реваншот со ПСЖ. Неговото исклучување во 29.минута во целост го сврте текот на натпреварот.

Илкај Гундоган, јавно го критикуваше Араухо веднаш по натпреварот, а потоа Уругваецот доби еден куп навреди на социјалните мрежи од незадоволните навивачи на Барселона.

По ова, Араухо донел одлука да ја напушти Барселона. Каталонската „ТВ3“, обајви дека неговите менаџери ги започнале преговорите со Баерн Минехн. Уругваецот и во зимскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Минхен.

Договорот на Араухо со Барселона истекува на 30.јуни 2026 година.

Барселона се надеваше дека ќе може да извлече околу 100 милиони евра за Араухо, но последните информации велат поинаку и дека сумата ќе биде помала.

Извештаите укажуваат дека Баерн е подготвен да плати меѓу 65 и 70 милиони евра. Се верува дека Барселона ќе ја прифати оваа сума.

Доколку трансферот на Араухо биде реализиран, Баерн ќе влезе во нова реконструкција на одбраната, бидејќи ниту еден од тројцата централни дефанзивци: Де Лихт, Ким, Упамекано не ги исполни очекувањата.

Scroll to Top