Top Sport

Арда Туран оди во затвор, казната му е 2 години и 8 месеци

Турскиот фудбалер, Арда Туран кој сега е играч на Истанбул Башахшехир, а кој светска слава доживеа играјќи за Атлетико Мадрид и Барселона ќе оди во затвор. Судот во Истанбул Туран го осуди на 2 години и 8 месеци казна поради напад врз турскиот пејач, Беркај Шахин, во октомври минатата година.

Фудбалерот беше осомниен дека имал физички напад, употребил огнено оружје без дозвола, а се спаси од прекршок за сексуален напад.

Скандалот изби откако Туран кој бил во алкохолизирана состојба и се додворувал на сопругата на пејачот пред дискотека во Истанбул.

Откако нејзиниот сопруг се обидел да ја заштити, фудбалерот го нападнал, па пејачот заработил скршеници на носот.
Обвинителството во Турција бараше Туран да добие затворска казна од 12,5 години.

Scroll to Top