Top Sport

Де Лаурентис: Милик е подобар од Икарди!

Претседателот на италијански Наполи, Аурелио де Лаурентис тврди дека чешкиот голгетер, Аркадиуш Милик е подобар играч од Мауро Икарди од Интер кој реши од Милано да отиде на позајмица во ПСЖ. Тој за италијанските медиуми објасни каде запнала работата околу доведувањето на Аргентинецот ова лето во Неапол.

„Му понудив на Интер 60 милиони евр + бонуси за Икарди, тие се согласија. Меѓутоа, Ванда Нара барала 12 милиони евра по сезона за нејзиниот сопруг. Мислам дека тоа се премногу пари“ изјави Де Лаурентис.

Претседателот на Наполи очекува многу од Милик кој оваа сезона ја започна без проблеми со повреди.

„Ова ќе е прва Миликова сезона во која влегува потполно подготвен. Очекувам да постигне барем 20 гола, не сметајќи ги пеналите. Тој во овој момент е подобар напаѓач од Икарди и мислам дека може да стане најдобар стрелец во Серија А“ – вели Де Лаурентис.

Scroll to Top