Top Sport

Арда Туран се врати во Галатасарај

Турскиот фудбалер, Арда Туран (33) повторно е член на Галатасарај, со тимот од Истанбул потпиша едногодишен договор.
Искусниот играч од средниот ред по 9 години се враќа кај „лавовите“. За Галата играше од 2005 до 2011 година, настапи на 197 меча и постигна 45 гола.

Туран доаѓа како слободен играч откако летово му истече договорот што го имаше со Барселона.

Претходните две сезони беше на позајмица во Истанбул Башакшехир.

Сепак, во последниот период често беше поврзуван со нефудбалски случувања.

Scroll to Top