Top Sport

Оклахома ги „стресе“ Лејкерси, Јокиќ блесна за Денвер

Крис Пол постигна 21 поен за да ги предводи Оклахома Сити тандер до 105:86 победа над Лос Анџелес лејкерс во Орландо во кошмарен натпревар за фаворизираните Лејкерси.

Пол додаде седум скока и шест асистенции за да ја продолжи одличната форма по рестартот на НБА лигата, постигнувајќи по просек 20.7 поени во трите меча во Орландо. За Лејкерси пак, ова беше најлошиот офанзивен меч оваа сезона, со најмалку постигнати поени и со само 5 тројки од дури 37 обиди.

Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 19 поени и 11 скока.

Мајкл Портер Јуниор имаше 30 поени и 15 скока, Никола Јокиќ додаде 25 поени и 11 асистенции за Денвер да биде подобар од Сан Антонио спарс со 132:126. Со победата Денвер се доближи на половина натпревар од Лос Анџелес клиперс во борбата за второто место на Западот.

Сан Антонио, кои сега имаат два порази во низа, остануваат на 10. место на Западот со два натпревари зад Мемфис во трката за осмото место во плејофот.

Мечот беше израмнет на 97:97 на помалку од девет минути пред крајот, по што нападот на Денвер го заврши своето. Јокиќ ги предводеше Нагетс со постигнати поени и три асистенции во две минути за Денвер да поведе со 114:105.

НБА

Оклахома сити – ЛА Лејкерс 105:86

Филаделфија – Вашингтон 107:98

Торонто – Орландо 109:99

Денвер – Сан Антонио 132:126

Toronto Raptors 109 – Orlando Magic 99

Јута – Мемфис 124:115

Бостон – Бруклин 149:115

Scroll to Top