Турскиот фудбалер Арда Туран честопати е на насловните страници поради тепачки, лудо однесување, црвени картони… Меѓутоа, вечерва имаше едно друго лице на фудбалерот на Башакшехир.
Во дуелот од турската Суперлига, Башакшехир победи со 1:0 на гостувањето кај Анталијаспор за да се зацврсти на првото место на табелата и да стигне чекор поблиску до првата титула.
Сепак, најинтересна беше ситуацијата во 19-тата минута, кога поранешниот фудбалер на Барселона призна дека последен играл со топката пред таа да излезе во аут. Сепак, судијата не му поверува и дури му покажа жолт картон на Назим Сангаре од Анталија за расправијата и му нареди на Туран да го изведе аутот. Тој реши да ја врати топката кај Анталијаспор исфрлувајќи ја во гол-аут. Секоја чест!