Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Ардијан Цуцули одлучи стави крај на кариерата.
Тој играше во Напредок, Влазерими, Победа, Милано, Шкендија, Партизани Тирана, Кукеси, Дрита Гњилане и повторно во Шкендија во последната сезона.
„Чудно е чувството, не можам да објаснам. Малку ми е чудно затоа што ја напуштам единствената професија што ја работев цел живот, а од друга страна ми е драго што ја завршувам кариерата во клубот што го сакам. Шкендија останува важен дел од мојот живот, и голема благодарност до сите што ми овозможија да завршам онака како што сонував. Горд сум што бев дел од овој клуб. На Шкендија и посакувам сѐ најдобро во иднина“, изјави Цуцули.