Top Sport

Аргентина без Меси, Игуаин, Агуеро…

Привремениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони, го објави списокот на фудбалери за пријателските натпревари против Ирак и Бразил.

На списокот на Скалони очекувано го нема Лионел Меси, но селекторот реши да не повика уште неколку ѕвезди како Анхел Ди Марија, Гонзало Игуаин, Серхио Кун Агуеро…

Товарот на овие натпревари треба да го понесат напаѓачите на интер и Јувентус, Мауро Икарди и Паоло Дибала.

Аргентина ќе игра против Ирак на 11.октомври, а пет дена подоцна и против Бразил.

Scroll to Top