Физички пресметки со судиите речиси се редовна појава кога се работи за натпреварите во понискиот ранг на аргентинскиот фудбал. Последен таков немил настан се случил на натпреварот помеѓу Посадас и Спортинг.
Главниот судија на овој натпревар, Габриел Кортинез едвај спасил жива глава. Судијата, пр резултат 3:1 за домашната екипа, му покажал втор жолт, односно црвен картон на еден од гостинските фудбалери.
Потоа, соиграчот на исклучениот фудбалер, Луис Анхел Масиел, започнал да го удира со тупаници несреќниот судија, кој облеан во крв паднал и без свест на тревата.
Според аргентинските медиуми итната помош ја чекале еден час. За среќа судијата минал без сериозни последици по здравјето.