Top Sport

Аргентина е во финалето на Копа Америка – Голманот Мартинез е херојот на Гаучосите

Аргентина забележа драматична победа над Колумбија и се пласира во финалето на Копа Америка. Гаучосите по изведувањето на пенали ја победија Колумбија со 3.2, во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши 1:1.

Аргентинците во раната фаза на мечот постигнаа гол. Во шестата минута Меси го проигра Лаутаро Мартинез, а напаѓачот на Интер го совлада Оспина.

Колумбијците во првото полувреме два пати ја погодија рамката на голот, а Нико Гонзалес од непосредна близина биеше директно во Оспина.

Во вториот дел, брилијантен гол за израмнување постигна Луис Дијаз во 61 минута.

До крајот немаше голови, но имаше груби стартови, Меси заврши со крвав зглоб и многу жолти картони.

Во пенал серијата блескаше голманот на Аргентина Емилијано Мартинез, кој одбрани три пенали и ја однесе својата репрезентација во финалето.

За титулата Аргентина ќе се бори со Бразил.

Scroll to Top