Top Sport

Аргентина избори пласман на СП, Еквадор чекор поблиску до Катар

Комплетирано е 14.коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство по кое Аргентина го потврди учеството во Катар. Блиску до Мундијалот е и Еквадор, додека за третото и четвртото место, односно за петтото кое обезбедува интерконтинетален бараж, голема борба ќе водат пет селекции.

Колото во Јужна Америка го обележа големото дерби Аргентина-Бразил. Натпреварот во Сан Хуан понуди малку од убавината на фудбалската игра. Жестокот беше на теренот, двата тима имаа свои шанси, на крајот мрежите мируваа.

Голем чекор кон пласманот во Катар направи Еквадор. Еквадорците со победата над Чиле од 2:0 се зацврсти на третото место. Еступињан и Каиседо беа стрелци на головите.

Перу славеше во Каракас, кај Венецуела 2:1, Боливија го декласираше Уругвак со 3:0, а без голови заврши натпреварот Колумбија-Парагвај.

Табела: 1. Бразил 35, 2. Аргентина 29, 3. Еквадор 23, 4. Колумбија 17, 5. Перу 17, 6. Чиле 16, 7. Уругвај 17, 8. Боливија 15, 9. Парагвај 13, 10. Венецуела 7.

Scroll to Top