Top Sport

Аргентина може да здивне, Марадона е успешно опериран

Тешка ноќ имаа сите навивачи на легендарниот Диего Армандо Марадона. Аргентинецот имал успешна 80 минутна операција на мозокот, само неколку дена по прославата на 60 роденден.

Марадона имал „субдурален хематом“, рекол неговиот личен доктор Леополд Луке.

Неурологот Луке рекол дека проблемот го предизвикал некаква повреда, но Марадона изјавил дека не се сеќава дека му се случило нешто такво.

„Се било успешно и помина онака како што очекувавме“, објавил ПР-тимот на Марадона.

Аргентинскиот фудбалски великан ќе одмора најмалку 48 часа во својата соба, во една приватна клиника, во близина на Буенос Аирес.

Пред клиниката има голем број на навивачи кои му даваат поддршка на својот идол.

Scroll to Top