Фудбалскиот сојуз на Аргентина ќе ја повлече „десетката“ откако Лионел Меси ќе ја заврши кариерата во националниот тим. Историската одлука ја соопшти претседателот на здружението, Клаудио Тапија, иако не кажа кога тоа треба да се случи, ниту колку долго Меси ќе игра за Аргентина.
„Кога ќе се збогува со репрезентацијата, никој во Аргентина повеќе нема да го носи тој број на дресот. Тоа е најмалку што можеме да направиме за него по се што направи за аргентинскиот фудбал“, изјави Тапија.
Меси за Аргентина одигра 180 натпревари и постигна 106 голови.
Легендарниот сино-бел дрес со број 10 го носеше и големиот Диего Марадона, но во негова чест дресот на Аргентина не беше пензиониран по неговата смрт.