Аргентина, и посебно Лео Меси, поставија повеќе рекорди на Мундијалот во Катар, од кои еден ќе им „боде“ очи на тие кои веруваат дека постои заговор тие да станат светски шампиони – тие се репрезентација на која им се досудени најмногу пенали на еден Мундијал.
Пеналот во првото полувреме, со кое дојдоа до 1:0 водство, беше дури петти пенал за „албиселесте“ на шампионатот. Сите пет пенали ги изведе Лео Меси, од кои четири реализираше, а еден промаши. Аргентинците добија пенали против Саудиска Арабија, Полска, Хрватска и Холандија во претходните кола. Само против Полска, Меси беше непрецизен.
Претходниот рекорд се четири пенали на еден турнир – Португалија во 1966 година (кога завршија на третото место) и Холандија во 1978 година (кога загаубија во финалето од Аргентина).