Top Sport

Аргентина три години не знае за пораз, Меси тврди дека не се фаворити на СП

Репрезентацијата на Аргентина е во нереална серија на добри резултати. Победата од 3:0 во Финалисима против Италија беше 32. меч во кој „гаучосите“ не претрпеа пораз.

Серијата Аргентинците ја започнаа по поразот од Бразил, во јули 2019 година на Копа Америка. Оттогаш, Меси и неговите пријатели знаат само за триумфи и нерешени резултати, а во меѓувреме ја освоија и Копа Америка во Бразил во 2021 година, што е прв голем трофеј за Аргентина од 1993 година.

И покрај серијата извонредни резултати, капитенот Лионел Меси смета дека неговата репрезентација не е во најтесниот круг на фаворити за освојување на Светското првенство во Катар.

„Има репрезентации која на хартија се подобри од нас. Сепак, добро ги знаеме нашите квалитети, знаеме кои се нашите цели и верувам дека можеме да го постигнеме она кон што се стремиме. Ова е неверојатна група на момци“, истакна Меси.

Еден од најдобрите играчи на светот на сите времиња блесна против Италија и покажа дека се уште може да игра на врвно ниво.

„Одличен натпревар против една од најдобрите репрезентации во светот. На „Вембли“ имаше многу Аргентинци, тие не инспирираа да прикажеме врвна игра“, изјави Меси.

Scroll to Top