Top Sport

Аргентинците го налутиле Гвардиола

Пеп Гвардиола е лут поради изјавата што ја дал првиот човек на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапиа, дека менаџерот на Манчестер сити е премногу скап.

Аргентина имаше катастрофален настап на Светското првенство во Русија, поради што селекторот Хорхе Сампаоли мораше да замине од функцијата.

До назначувањето на новиот селектор репрезентацијата ќе ја предводи селекторот на селекцијата до 20 години, Лионел Скалони, а ќе му помага поранешниот репрезентативец Пабло Аимар.

Аргентинците сметаат дека Гвардиола е најдоброто решение за селекторската функција, меѓутоа Тапиа смета дека тој е премногу скап.

Изјавата го налутила Гвардиола бидејќи тој воопшто не преговарал со Аргентинците.

„Аргентинците шират лаги и невистини. Ме разочараа. Не можам да кажам дека сум многу скап, бидејќи никој не ме контактирал, така што тие не можат да знаат колкава е мојата плата. Јас имам договор со Манчестер сити, а Аргентина мора да има аргентински тренер, тие имаат толку добри стручњаци“, рекол Гвардиола.

Според шпекулациите платата на Гвардиола во Сити изнесува 22 милиони евра.

Scroll to Top