Top Sport

Мурињо: Погба беше ѕвер! Погба: Секогаш го давам максимумот

Жозе Мурињо го нарече Пол Погба „ѕвер“ по добриот прв натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Лестер, во кој Французинот постигна гол и го контролираше центарот на теренот само четири дена откако се врати на тренинзи.

Погба беше еден од клучните фудбалери на француската репрезентација во победничкиот настап на СП во Русија, по што Мурињо побара истото да го направи и за Манчестер јунајтед, и ако се гледа првиот натпревар, Французинот одговори и тоа носејќи ја капитенската лента.

„Секако, момците кои имаа подолг тренинг во текот на предсезоната беа во подобра физичка форма. Шо, Переира, Баји и Дармијан играа без проблем 90 минути, но и другите беа фантастични. Погба беше ѕвер – мислев дека ќе може да игра 60 минути, а тој без проблем одигра 80“, вели Мурињо.

Погба пак, одговори со мистериозен пост на Инстаграм во кој изјави дека го дава максимумот „без разлика на тоа што се случува“, што некои го протолкуваа како признание дека постои проблем во Јунајтед.

„Секогаш го давам максимумот за фановите, за соиграчите, без разлика што се случува“, напиша Погба.

Јунајтед со победа ја отвори новата сезона од Премиер лигата (видео)

Scroll to Top