На социјалните мрежи, во саботата, се појавија фотографии на новиот дрес на фудбалската репрезентација на Аргентина. „Гаучосите“, оваа опрема ќе ја носат на Копа Америка.
Аргентинците и на Копа Америка ќе играат во опремата на германскиот производител „Адидас“.
Aca va el kit completo (como me lo imagino yo).
Para mi, suma muchos puntos viéndolo en conjunto. pic.twitter.com/VzGvqfFQja— Lacasaca (@LaCasacaBlog) January 4, 2019
Она што најмногу ги интересира сите во Аргентина е дали овој дрес ќе го носи и најдобриот играч Лионел Меси.
Ѕвездата на Барселона последниот меч за репрезентацијата го одигра на СП во Русија, во кули, кога Франција во осмина-финалето ги порази „гаучосите“ со 4:2.
Минатиот месец, првиот човек на Федерацијата, Клаудио Тапија, изјави дека никогаш не се поставувало прашањето дали Меси ќе игра во националниот тим.
„Лео никогаш не ја напуштил репрезентацијата и не се сомневам дека ќе дојде кога ќе го повиламе“, рекол Тапија во Мадрид за време на финалето во Копа Либертадорес, помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.