Top Sport

Аргентинците со „германски“ пресврт до реми против Германија (видео)

Германија и Аргентина одиграа пријателски меч на „Сигнал Идуна парк“ во кој двата селектори со ослабени тимови на крајот се задоволија со 2:2 реми, откако Аргентина успеа да се врати во второто полувреме по ужасниот старт.

Ѕвездата на Баерн Минхен, Серж Гнабри беше најдобриот во првото полувреме, откако постигна гол во 16. минута и му асистираше на Каи Хаверц за 2:0 во 22. минута и кога се мислеше дека момците на Јоаким Лев ќе стигнат до убедлива победа во репризата на финалето од Светското првенство во 2014 година, Аргентинците направија пресврт.

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Лукас Аларио успеа да намали на 2:1 во 66. минута од мечот, а Лукас Окампос со голот во 85. минута покажа дека и Аргентинците знаат да играат 90 минути, онака на германски начин.

Scroll to Top