Top Sport

Добри вести за Тотенхем – Хари Кејн ја залечил повредата

Доколку продолжи сезоната во Премиерлигата најмногу причини за задоволство ќе имаат во Тотенхем. За време на паузата која трае од 9 март целосно од повредите се рехабилитираа капитенот Хари Кејн, Муса Сисоко и Стивен Бергвајн.

„Тие сега се целосно здрави, но ќе треба да видиме во каква состојба ќе бидат кога ќе започнеме со тренинзите. Чекаме дозвола да започнеме да работиме во помали групи, ќе видиме колку време ќе им биде потребно да се вратата во натпреварувачки ритам“, изјавил тренерот Жозе Мурињо.

Англиските медиуми тврдат дека клубовите се согласиле сезоната во Премиерлигата да продолжи на 8 јуни.

До крајот на сезоната во Премиерлигата останаа девет кола, Тотенхем се наоѓа на осмото место со 41 поен, седум помалку од Челси кој се наоѓа на четвртото место.

Scroll to Top