Поранешниот прв голман на Аргетнина, Серхио Ромеро, конечно го напушти Манчестер јунајтед. Ромеро кариерата ќе ја продолжи во Гранада. На голот тој ќе го наследи Португалецот, Руи Силва, кој се пресели во Бетис.
Серхио Ромеро, минатата сезона, во конкуренција на Давид Де Хеа и Дин Хендерсон, не забележа ниту еден настап за „црвените ѓаволи“. Аргентинецот од сезоната 2019/2020, бранел на само 17 натпревари за Манчестер јунајтед.
Ромеро, во Гранада, се сели како слободен играч.