Top Sport

Аргентинскиот селектор сексуално злоставувал готвачка

Скандал ја тресе репрезентацијата на Аргентина во пресрет на Светското првенство во фудбал. Новинарот, Габриел Анело, објави дека селекторот Хорхе Сампаоли сексуално злоставувал готвачка во тренинг кампот на репрезентацијата.

Истиот новинар, лани пред почетокот на Копа Америка, го обвини Есикел Лавеци дека пушел трева во тренинг кампот.

Жената веднаш го пријавила случајот, а Фудбалскиот сојуз на Аргентина и платил за да молчи и да не ја објавува приказната во јавноста.

Инаку, овој случај, како и претходниот со Лавеци, што го објави новинарот, не е потврден. По „случајот Лавеци“, на новинарот Анело, му е забранет пристап во кампот на репрезентацијата.

Тој во својата емисија „Супер митре депортиво“, тврдел дека приказната е висинска, но и овој пат немал цврсти докази.

Останатите аргентински медиуми, по обавувањето на информацијата, се обидуваат да го дознаат идентитетот на готвачката. Медиумите дури шпекулираат дека поради овој скандал Сампаоли може да добие отказ.

Scroll to Top