Аргентинскиот судија Нестор Питана ќе биде на центарот на првиот меч од Светското првенство во Русија, помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија на „Лужники“ во четврток, потврди ФИФА.
Покрај него во Москва ќе бидат и неговите сонародници, Хуан Пабло Белати и Ернан Мајдана, додека Бразилецот Сандро Ричи е четвртиот судија.
Дебито на ВАР системот за помош на судиите на еден Мундијал ќе го предводат Италијанецот Масимилијано Ирати, Аргентинецот Маури Виљано, Чилеанецот Карлос Астроза и Италијанецот Даниеле Орсато.
Питана, кој е интернационален судија осум години, ќе суди на својот втор Мундијал, откако во Бразил во 2014 беше со свирчето на четири натпревари.
Фото: ЕПА