Top Sport

Бернардо Силва: Не знам што ќе правиме без Роналдо

Кристијано Роналдо е незаменлив во португалската репрезентација, вели неговиот соиграч Бернардо Силва, кој признава дека не знае како ќе изгледа репрезентацијата без него.

Португалскиот ас на Реал Мадрид ќе наполни 33 години и ова лето може да го има последниот обид да се освои светската титула, стартувајќи веќе в петок против Шпанија, еден од фаворитите за титула.

Силва, кој имаше добра прва сезона во Манчестер сити, верува дека Португалија има доволно добар тим за да се задржи нивото, но признава дека нема да можат едноставно да го заменат Роналдо, кој е во репрезентацијата од 2003 година.

„Важно е луѓето да разберат дека тој е незаменлив. Кога ќе сака да замине ќе остави група на високо ниво, и се надевам дека ќе направиме нешто. Се надевам дека јас ќе бидам еден од тие фудбалери кои ќе бидат оска на новиот тим. Кога Кристијано ќе замине ќе го загубиме најдобриот фудбалер во португалската историја. Ме загрижува тоа, како и секој Португалец“, вели Силва.

Португалија ќе се судри и со Иран и Мароко во групната фаза во обид да направат успех на Светското првенство две години откако ја освоија единствената репрезентативна титула на Евро 2016.

Фото: ЕПА

Scroll to Top