Top Sport

Аријан Адеми ќе паузира два месеци

Аријан Адеми, ќе го пропушти остатокот од есенскиот дел, од сезоната. Адеми се повреди, во понеделникот, на натпреварот Македонија-Германија (0:4).

Каи Хаверц, по еден дуел падна врз ногата на Адеми. Во таа 29.минута беше забележливо дека повредата не е наивна. Адеми се обиде да продолжи но по неколку минути го напушти теренот.

По враќањето во Загреб, му биле извршени детални прегледи, кои покажале дека ќе мора да паузира од фудбалот во наредните два месеци.

Динамо Загреб соопшти дека Адеми го повредил зглобот.

Хрватскиот шампион годината ќе ја затвори на 15.декември, сигурно е дека клубот нема да брза со неговоот враќање.

Ова е втора потешка повреда на Адеми од почетокот на сезоната. Во јули, на натпреварот со Омонија, го повреди мускулот на десната нога, поради што пропушти десет натпревари.

Scroll to Top